(Видео) Вака изгледа животот на -55 степени целзиусови – пред 80 години температурата се спуштила и на -71

Температурата пониска од минус 50 степени целзиусови е измерена во 12 области во Рускиот регион Јакута, соопштува регионалната метеоролошка канцеларија на својата веб страна.

Училиштата се затворени, а службите за вонредни ситуации се на готовс.

Во местото Уст-Нер во областа Ојмјакон, измерена е темепратура од – 55 степени целзиусови, заедно со густа магла и скоро нула видливост.

Во оваа област пред 80 години е измерена температура од – 71,2 степени целзиусови.

„Во вакви услови децата не одат на иучилиште, но учат од дома и ги извршуваат задачите кои наставниците им ги задаваат. Задолжителна е посебна облека која се состои од крзнени капи, бунди и чизми од крзно од ирвас“ рекла Татјана Алферова, лолален службеник.

Лекарите препорачуваат да не се излегува надвор на ваква температура зошто студеното време е штетно за органите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.