Битолcки пpкoc: Голем пpoтecт во поддpшка на полицaeцот Гоце Петковcки (Фото/Видео)

Битола на нозе, денеска во градот на конзулите се случува голем Протест на синдикатот на полицијата во Македонија, против не реалната и драконска казна на полициски службеник, кој вршејки ја својата должност, бил нападнат од алкохолизиран граќанини, припадник на ромската заедница во Битола.

Полицаецот го совладал и привел за напад на службено лице. Алкохолизираниот граѓанин злоупотребувајки ја својата етничка припадност, го тужи и судот под притисок на невладини организации го осудува на драконска казна без докази на една година затвор – пишува “Инфомакс”

-Не може некој за убиство на човек да биде осуден 6 до 7 месеци, а некој заради ништо на една година затвор. Ние не сме во полицијата да правиме тортура како што некој тоа го изврти во судските одлуки. Не сме заморчиња некој да си игра со нас, ова ќе биде почнување на масовни демонстрации од страна полицијата, затоа што во тек се и други судења и некои полициски службеници ги следува и поригорозна мерка ако продолжи вака судството, рече на протестот Гоце Делчев Тодев претседател на Независниот синдикат на полицијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.