Што се случува кога во исто време ќе пуштите 1,5 милиони балони на небото: Приказна за еден неславен рекорд (ФОТО+ВИДЕО)

Требало тоа да биде настан  за рушење на светски рекорд…

Во Кливленд (САД), 1986 година, лансирани се 1,5 милиони балони наполнети со хелиум. Било тоа неверојатен спектакл, но, за жал, над Кливленд се случила вистинска катастрофа.

Балоните се вратиле на земјата, поради што настанале големи проблеми.

“United Way”, организаторите на овој настан, се обиделе да го срушат светскиот рекорд во број на пуштени балони во исто време.

Претходниот рекорд е поставен на 30-годишнината на Дизниленд, во Анахејм.

Со цел овој настан да биде возможен, вложено е многу труд, работа и средства. Илјада волонтери работеле на тоа.

Во првиот момент, кога балоните биле пуштени, сите биле запрепастени од убавината на погледот. Том Шеридан бил на идеално место за да го фотографира погледот, а фотографиите се вистинско уметничко дело.

Сите гледале во небото со радост и исчекување. Меѓутоа, набрзо започнало силно невреме кое ги наводенило сите балони, па тие започнале да се спуштаат на земјата. Тогаш се појавиле и проблемите.

Балоните ја прекриле целата површина на езерото Ери, што им ја отежнало работата на спасувачките екипи да ги пронајдат луѓето за кои се сметало дека исчезнале во езерото. Нивниот чамец се превртил, а спасувачките служби не можеле да ги спасат поради балоните. Семејствата биле очајни, знаејќи дека нема да слушнат вести за нивните најмили.

Она што требало да биде случување кое имало за цел  собирање на средства за добротворни цели, завршило со смрт на две лица, градот го чинело милионска тужба, а животната средина била разорена.

Штетата била огромна! Морало да се вложат големи средства за целиот неред да се исчисти.

Погледнете го видеото од овој настан:

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.