ЦРНАТА ТАШНА ЈА ОТКРИ НАЈГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ТИТО: Кога ја отвориле виделе кој се крие позади тој идентитет !

Еден од луѓето кои биле постојано со Јосип Броз, а кој покасно тврдел дека има докази дека Тито не е личноста за која се претставува, е личниот лекар Александар Матуновиќ.

Тој го лечел маршалот од 1975 до 1979 година, односно до неговата смрт. Тој напишал: ” пронајден е извештај кој оди во прилог на сомнежот, односно мислењето дека Тито не е Јосип Фрањо Броз кој бил познат на народот, туку дека позади ова име се криела друга личност”.

“Тито имаше мала ташна, направена од змиска кожа. Секогаш ја носеше со себе. Торбицата беше секогаш заклучена со мал катанец.

На два пати го начекав како ја проверува својата ташна. Кога го правеше тоа беше завртен со грбот кон вратата, а ташната му беше под рака.

Кога и да влезев, тој брзо ја затвораше ташната. Реагираше како човек кој е фатен како прави нешто лошо. Тогаш ми стана јасно дека во неа има предмети и информации кои се многу значајни за него.

По неговата смрт ги прашував членовите на комисијата за средување на оставината од Тито, што пронашле во таа торбица.

Еден од членовите, Ѕвонко Костиќ, рече дека, покрај златниот накит, пронајдени биле и извод од матична книга на венчани со Јованка Будисављевиќ и фотографија од Пелагија Белусова.

Исто така, имало и копија од австроунгарското Минисерство за војна, документ од 1915 година, во кој имало список од австриски офицери, подофицери и војници кои загинале за време на битката во Галиција.

Во списокот се наоѓало и името на Јосип Фрањо Броз, пренесува “Дневно.хр”.

Пронајдениот извештај оди во прилог на сомнежот, односно на мислењето дека Тито не е Јосип Фрањо Броз, односно дека позади тоа име се крие друга личност”.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.