Хуманитарната организација „АДРА-МАКЕДОНИЈА“ донираше новогодишни пакетчиња за сите ученици од ООУ „Круме Волнароски“ с.Тополчани

По повод новогодишните празници и празникот Свети Никола сите 191 ученик ООУ „Круме Волнароски“ од н.м. Тополчани добија донација на новогодишни пакетчиња.

Освен за учениците од централното училиште пакетчиња им беа поделени и на учениците од 8-те подрачни училишта на ООУ Круме Волнароски во населените места Чепигово, Клепач, Загорани, Алинци, Галичани, Беровци, Ново Лагово и Старо Лагово.

Оваа хуманитарна акција веќе втора година по ред ја организира хуманитарната организација „АДРА-МАКЕДОНИЈА“, под мотото„Од деца за деца“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.