Хорор во Македонија: Ученичка се качила во такси, возачот почнал да ја допира

Во 18 часот и 30 минути во Секторот за внатрешни работи Битола, 40-годишната И.Т. пријавила дека истиот ден околу 14 часот и 30 минути, нејзината 15 годишна ќерка влегла во такси возило по што му кажала на возачот да ја превезе до улицата каде живеела.

Откако тргнале со возилото, такси возачот започнал разговор, по што во еден момент се завртил и со раката ја штипнал за образот. Пред да стигнат во нејзиниот дом истиот посегнал со раката на задното седиште и ја допирал за градите.

Во 21,30 часот во Полициска станица бил повикан 53-годишниот П.К. од Битола, возачот на такси возилото и против истиот по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.