Хигиеничар истепал 14 годишник во училиште

На 14.04.2018 година во 15 часот и 30 минути во Полициската станица Битола, 14-годишник од Битола заедно со негов родител пријавил дека истиот ден околу 15.00 часот физички бил нападнат од хигиеничар во училиштето „Коле Канински“ во Битола.

Додека чекал наставник, малолетникот случајно турнал лименка од прозорецот. Во тој момент хигиеничарот Ј.Т. почнал да му вика, барајќи да ја фрли лименката во ѓубрето.

Откако не го послушал, хигиеничарот најпрвин го турнал по скалите, по што го удирал по лицето.

Малолетникот се здобил со повреди и отишол во Клиничката болница во Битола за укажување лекарска помош, а го известил и родителот за настанот.

Подоцна, настанот бил пријавен и од директорот за училиштето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.