ХОРОР! “Мизерна вечера во прилепската болница со НОВИОТ ЖИВОТ – пациентите револтирани?!”

Предизборните ветувања за време на парламентарните избори во декември минатата година на СДСМ за подобри услови во здравството, беа само фалба пред камера.

Еве како изгледа една мизерна вечерва во прилепската oпшта болница “Борка Талески”, која ја сервира кандидатот за градоначалник на СДСМ во Прилеп, Илија Јованоски, кој моментално е актуелен директор на оваа здравствена установа.

После укинувањето на доручекот во студентските домови во државата, и пациентите во прилепската болница ставени на диета.

Од ден во ден граѓаните се свесни дека фразата “Зборот е збор” со која се користат од СДСМ, важи само за пред камери и на хартија.

Состојбата на терен сосема поинкава. Прилепчани особено се погодени од неисполнетите ветувања за повисоки субвенции, пензии, како и најавеното укинување на земјоделските субвенции, доколку не остварат за 10% повисоко производство во наредната реколта.

Граѓаните се загрижени и за иднината на странските инвестиции во градот под “Марковите кули”, кои во изминатите години започнаа да пристигнуваат и значително го намалија бројот на невработеноста во градот. Сега, истите се двоумат да продолжат со инвестирање и со проширување на капацитетите. Причина за тоа е повторно несериозноста на владата со јавното откривање на договорите со овие компании .

Прилеп кој беше во економски подем и чекореше со засилено темпо, со новата влада во само 4 месеци доживува стагнација.

Запрена беше изградбата на патот Прилеп -Градско, поради наводно промашена траса, како и изградбата на гасоводот Неготино-Прилеп-Битола.

Затоа СДСМ на овие локални избори ќе треба да се соочи со сите овие нереализирани ветувања, како и немањето на програма со конкретни проекти, со зацртани рокови и средства за реализација, како и големиот број на небулози искажани во предизборната кампања од кандидатот за градоначалник Јованоски.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.