ХОРОР: Болницата во Прилеп и мизерниот доручек!? Хигиената можен извор на зарази?! Замина новиот живот…. (ФОТО)

Сликата од реконструираните болнички одделенија во општата болница “Борка Талески” во Прилеп, новите санитарни јазли, болнички соби, повторно се враќа во старите денови.

Нехигиена, отпад, флеки, измет и мизерен доручек и вечера, е она што може да се забележи денес од фотографиите кои ги добивме.

Се чини дека изборната кампања на директорот на болницата Илија Јованоски, кој патем е и кандидат за градоначалник од СДСМ за Прилеп, му е поважна од пациентите и нивното здравје.

Ако пред некој ден видовме каква вечера се сервира, денес можеме да видиме каков доручек добиваат пациентите во оваа здравствена установа.

Но, не само тоа! Од фотографиите може да се забележи дека хигиената е особено на ниско ниво, а тоа е особено опасно во институција како што е болница која опслужува речиси 100.000 луѓе од Прилеп и околните помали општини.

И додека Јованоски води кампања, институцијата која ја раководи и од која зема директорска плата, целосно се распаѓа.

Имиџот кој се градеше во изминатиот период е целосно нарушен. Наместо обезбедување на ветената апаратура, човечки ресурси и продолжување на реконструкцијата, пациентите и граѓаните кои доаѓаат во посета се згрозени.

Погледнете:

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.