ХАОС ВО ФРАНЦИЈА: Полицијата ги растерува анархистите- летаат камења и шок бомби, еден полицаец повреден (ФОТО+ВИДЕО)

Француската полиција растерува стотина еколошки активисти и анархисти во западна Франција, кои го заземаа местото каде треба да се гради нов аеродром, соопшти денеска француското министерство за внатрешни работи.

Полицијата на нив фрла солзавци и шок бомби, додека активистите ги маваат со камења.

Во пресметката на еден полицаец му е повредено окото, а еден демонстрант е уапсен, вели за француските медиуми извор од полицијата.

Владата на претседателот Емануел Макрон во јануари ги отфрли плановите за изградба на аеродромот вредни 580 милиони евра во Норт-Дам-де-Ланд, на западот на земјата, што е осетлива одлука која претходната влада со децении ја избегнуваше.

 

Оние кои го поддржуваат планот, според кои на аеродромот би поминале четири милиони патници годишно, истакнуваат дека проектот економски би го зајакнал економскиот развој на регионот Лоар-Атлантик. Дополнителен аргумент кој истакнуваат дека аеродромот во Нант веќе ја достигнал границата на своите капацитети и дека претставува безбедносен ризик.

Меѓутоа противниците на планот сметаат дека е премногу скап, еколошки неповолен и нагласуваат дека на 110 километри кон север има уште еден недоволно искористен аеродром.

Компанијата „Венси“ на која и беше доделен договорот за изградба на аеродромот, соопшти дека е спремна да разговара со Владата за компензација на таа изгубена работа.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.