(ФОТО) ТРАМП ГО ПОСРАМОТИ МАКРОН: Му го исчисти првутот од неговото одело

Претседателот на САД Доналд Трамп направи несекојдневен гест кон францускиот колега Емануел Маркон кој со раката му го исчисти првутот од оделото пред фотографирањето.

Трамп овој гест го направи пред фотографирањето во Овалната соба во Белата куќа, а агенцијата “Франс” пренесува дека на Макрон му било навистина непријатно.

– Имаме многу привилегиран однос, еве сега ќе му го исчистам првутот – рекол Трамп и со раката поминал на одлото од Макрон.

– Мора да биде беспрекорен и навистина е беспрекорен – рекол Трамп, правдајќи го својот гест.

Макрон и неговата сопруга Бриџит се во тридневна посета на САД.

Погледнете како помина средбата на двајцата претседатели:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.