Во април учениците од Турција, Германија, Шпанија и Италија ќе треба да ја посетат Македонија, откако ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ се запознаваат со културата, историјата и традицијата на Шпанија. Група од 5 ученици и 2 професори престојуваа во Валмојадо, Шпанија на работна средба. За време на престојот, учениците учествуваат на работилници и различни активности за учење. Координатор на проектот е професорката Елизабета Милошеска, а ментор професорката Наташа Најдоска. Темата на престојот беше запознавање со културното наследство на земјите учеснички преку нивната историја, култура, јазик и традиции.
– Името на проектот е Наследството од минатото, искуството од сегашноста и ветувањето од иднината. Проектот се реализира првпат. У чествуваат ученици од 5 држави, Македонија, Турција, Германија, Шпанија и Италија – изјави координаторот на проектот професорката Елизабета Милошеска.
Учениците од СОУ ,,Ѓорче Петров,, треба да ги посетат и останатите држави учеснички во проектот.
Извор: “Неделник Зенит”