Уништен бројот 13 за Марјан Ристески, нервоза кај СДСМ (ФОТО)

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вечерва со почеток од 20:30 ч. организираат голем народен собир во центарот на Прилеп, а во пресрет на овој голем митинг, расте нервозата кај политичкиот опоненет.

Уништени билборди со бројот 13 за Марјан Ристески и излепени со плакати од кандидатот на СДСМ, Илија Јованоски, ваква слика ги пречека граѓаните утрово во централното градско подрачје.

Ова не е прв пат во Прилеп да се уништува рекламниот простор на ВМРО-ДПМНЕ, истото се случува веќе неколку изборни циклуси.

Инаку деновиве во Прилеп се повеќе расте поддршката за актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат Ристески. Прилепчани најжестоко реагираат на неисполнетите ветувања од централната власт и застануваат зад ВМРО-ДПМНЕ.

Лагата за повисоки субвенции, пензии, најавената двојазичност во градот во кој воопшто не живее албанско население, како и скратената можност граѓаните на референдум да се изјаснат околу прашањето со Стратегијата за бегалци и странци и можноста во нивниот град да се населат нови жители, се главните причини за ваквата ситуација во градот под “Марковите кули”.

Ваквите состојби јасно ќе се видат на вечерашниот митинг, за кога се очекува огромно присуство на плоштадот “Методија Андонов- Ченто”.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.