УХМР со вонредна прогноза за викендот- подгответе се за студен бран

Позначително заладување се очекува за време на викендот, а до утре претпладне ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет и позастапени во западните делови каде се очекува да наврнат над 25 л/м2.

Снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а до петок ќе дува умерен југоисточен ветер.

Утринава, повремени локални врнежи од дожд има на југоистокот и тоа во Виница, Струмица и Гевгелија, а во Крушево, Пожаране и Маврово врне снег. Дува слаб до умерен југоисточен ветер којшто е најизразен во Ѓуриште во Светиниколско. Температурата ќе се движи од пет до 10 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.