УМЕТНОСТ ЗА ДУША! Браќата Тавитијан и Раде Шербеџија снимија песна и спот за “Болен ми лежи Миле Поп Јорданов” (ВИДЕО)

Ова се вика уметност за уши и душа! Браќата Тавитијан заедно со легендата Раде Шербеџија снимија преработка на македонската народна песна “Болен ми лежи Миле Поп Јорданов”.

Музиката на Тавитијан надополнета со гласот на холивудскиот актер Шербеџија е вистинско уживање и со сигурност ќе ви се допадне.

Музиката и продукцијата е на браќата Тавитијан, пиано Диран Тавитијан, тапани Гаро Тавитијан, Александар Икономов на бас, а видеото е дело на Александар Ристовски.

За новото ремек дело браќата Тавитијан напишаа:

“Почитувани, задоволство ни е да ја споделиме со вас новата песна и видео запис на кој ни гостува легендарниот актер и вокал Г-дин Раде Шербеџија.

Зад него се многубројни филмски остварувања меѓу кои и светските хитови: Mission Impossible (Tom Cruise), Taken, Batman, Snatch, The Saint, Harry Potter, Пред дождот, CSI Miami, The Promise како и неговите соло музички остварувања и соработки со врвни Балкански музичари, а и со неговиот фантастичен состав “западни колодвор” низ целиот свет.

Шербеџија од неодамна е и член на најпрестижната филмска академија – Оскар. Тој е уметничка големина со светско реноме и е човек кој целиот живот се залага за единство помеѓу народите, надминување на разликите и нивна комуникација преку културата.

За оваа прилика уште еднаш се потрудивме да дадеме заеднички музички придонес во чест на нашата земја, нашиот јазик и култура во една модерна акустична верзија.

Посебна благодарност до Г-дин Амир Бахтијаревиќ (BABA production) како и до Александар Ристовски (AleXander) кој го изработи видеото. Благодарност до Александар Икономов за контрабас делницата. Благодарни на оваа чест, се надеваме дека и вие ќе уживате”

И навистина, во продолжение уживајте:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.