“Туристи во центарот на Скопје ќе беа нападнати од кучиња скитници?!” (ФОТО)

Група туристи во главниот град денеска се најде во непријатна ситуација. Нивната прошетка низ Скопје беше нарушена од чопор улични кучиња, кои во последно време се се’ поголем проблем не само во главниот град, туку и во целата држава.

Секојдневно читаме за нови случаи на искасани луѓе по улиците, а не ретко граѓани се здобиваат и со сериозни повреди опасни по животот.

Надлежните не преземаат ништо за решавање на овој горлив проблем.

Кучињата не се виновни, тие се безгрешни животни за кои некој треба да поводи грижа.

Со сличен горлив проблем се соочува и Прилеп, каде во последно време граѓаните сведочат за голема агресивност на кучињата скитници и често напаѓаат и сред бел ден.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.