Трансфер бомба во Калчото: Јувентус го купува бисерот на Милан?

Јувентус важи за најсаканиот, но воедно и најомразениот клуб во Италија. Доколку се потврдат информациите на италијанските медиуми дека шампионот на Италија го контактирал Мино Риаола, пред Џанлуиџи Донарума да одбие да го продолжи договорот со Милан, Старата дама ќе стане уште поомразена во очите на фановите на Милан.

 

buffondonnarumma-681x379-640x356

Директорот на Милан, Марко Фасоне потврди дека голманот одбил да го продолжи договорот со клубот од Милано и потврди дека тој или ќе си оди бесплатно следното лето или пак ова лето ќе биде продаден.

Според извшетаите на медиумите од Италија, Риаола се сретнал со челниците на Јувентус, Бепе Марота и Фабио Паратичи, само неколку часа пред да му ја соопшти на раководството на Милан одлуката на младиот голман.

Веднаш почнаа шпекулациите дека Јувентус во Донарума гледа идеална замена за Џанлуиџи Буфон, па ќе настојува да ја искористи моменталната ситуација и да го донесе го Торино, голманот роден во 1999 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.