Тепачка во Министерство за надворешни работи

Двајца вработени од Министерството за надворешни работи се степале во канцеларија, но од МВР не откриваат која е причината поради која дошло до инцидент.

Оттаму информираат дека вчера, во 16:40 часот, 41-годишниот Т.Р. од Скопје пријавил дека истиот ден во 15:20 часот, во канцеларија во зградата на Министерството за надворешни работи на улица „Филип Втори Македонски“ во Скопје, физички бил нападнат од В.С., со кого ја делел канцеларијата.

Според пријавата, додека Т.Р. извршувал работни задачи, В.С. го нападнал со повеќе удари со тупаници во пределот на главата и телото.

На Т.Р. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.