Светот полуде: Обратно украсена елка, нов тренд кој ја освојува планетата!? (ФОТО+ВИДЕО)

Оваа година, главна дилема при празничното декорирање на домот е дали елката да се постави на вообичаениот начин или да се прати глобалниот тренд и да се сврти наопаку.

Новион начин на празнично украсување на домот кој полека се шири низ целиот свет од ден на ден има се повеќе обожаватели, а подразбира превртување на елката наопаку.

Некои идејата ја отфрлаат како кршење на најважните божиќни правила, а има и остри реакции, пишува порталот “Tip  Hero”.

Од друга страна пак пркосењето на законот за гравитација многумина го сметаат како уште една забавна страна на празниците и возрасните можат да го ослободат “ детето во себе”.

Хотелите кои секогаш се трудат да ги воодушеват гостите со празничниот изглед исто така се уклучиле во поставување на елката наопаку.

Овие елки можат да се пронајдат на интернет а цената може да достигне и до 1.000 долари за парче.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.