Американскиот актер и комичар Бил Козби е прогласен виновен за силување.
Да ве потсетиме, во јуни минатата година судијата на американскиот суд го поништи судењето за Козби во врска со обвинението за силување, откако поратота не успеа да донесе одлука во рок од 50 часа.
Од ноември 2014 година, околу 30 жени сведочеа во јавноста дека комичарот најпрво ги дрогирал, а потоа и сексуално ги напаѓал.
Случајот на Андре Констанд е единствениот кој доведе до подигање на обвинение против Козби.