Ристески: “СДС ќе биде убедливо поразен во Прилеп, нема да му помогне пласирањето на лажни вести”

Соопштение до јавноста – демант

“СДС ќе биде убедливо поразен во Прилеп. На СДС нема да му помогне пласирањето на лажни вести.

Целосна невистина е дека сум бил во џамијата во обид политички да агитирам. Тоа е срамна злоупотреба на религијата и поигрување со верските чувства. Тоа е доказ колкав е стравот и очајот на СДС од претстојниот пораз.

Сликата која што е објавена не е од сега туку од јуни и целосно е извадена од контекст.

На снимката која ја прикажавте јас како градоначалник сум гостин во џамијата која заедно со сограѓаните од муслиманска вероисповед е изградена во населбата Тризла.

Лагите и лицемерието не поминуваат повеќе кај граѓаните!

Граѓаните имаат потреба од луѓе кои вредно и посветено ќе работат во интерес на општината, партнери со кои рамо до рамо ќе градиме достоинствен живот за сите!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.