РОСОКЛИЈА: “СРЕЌНА НОВА 1948 ГОДИНА”

(Фејсбук статус на Горазд Росоклија)

“Во истражниот затвор во Скопје, ВО САМИЦИ, лежат Македонци под обвинение дека се ТЕРОРИСТИ.

Затворот им е одреден за да се заштити Македонија од терористички напади, да се спречи тие да влијаат еден на друг, да се спречи нивното влијание врз сведоците и да се спречи нивното бегство преку граница.
Тоа е основата за притворот! СЕДУМ МЕСЕЦИ после настанот!

Во правна држава секој одговара за своите постапки. Но власта во правна држава не го користи притворот како казна и како закана за непослушните, ниту користи живи луѓе како паричка за пазарење во борбата за задржување на власта и пазарот со коалициониот партнер.

Македонија го живее историскиот момент на национална срамота!

Власта, опозицијата, црквата, националните институции, сите претпоставени столбови на македонската држава и на македонскиот народ, со своите активности или со својата пасивност учествуваат во разградување на државата и бришење на македонската нација од нациите на светот.

Но и сите ние што живееме во овој историски момент сме неволни соучесници во оваа срамна историја, независно од тоа на која страна сме биле.

Македонците станаа народ кој не верува во тоа што го гледа, но затоа верува во интерпретациите на случувањата кои му ги даваат интелектуалниот шљам и баграта на општеството.

Ние сме гледачи на фудбалска утакмица со радио во раката за радио репортерот кој ја пренесува утакмицата да ни објасни дека тоа што го гледаме не се случува”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.