РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Ви нудат 10.000 долари за уживање на плажа – еве како да се пијавите!

Ова е шанса да спиете во луксузни хотели, да се дружите на крајбрежјето Канкуна во најтоплите клубови, а за тоа да ви плата!

Веб сајтот за патување “Cancun.com” бара ново лице чија работа ќе биде да ужива на плажа. Оној на кој ќе му се посреќи да биде избран, ќе биде платен 10.000 долари месечно, а предвидено е првиот договор да трае 6 месеци.

Работата на новиот вработен ќе биде да седи на плажа, да спие во луксузни кревери, да објавува содржини на социјалните мрежи, да посетува ноќни клубови како ВИП гостин и да учествува во други активности.

На сајтот во описот на работата стои дека вакво искуство се доживува само еднаш во животот.

Генералниот менаџер Чед Мејерсон вели дека едвај чекаат да ја започнат потрагата за новиот запослен кој воедно ќе биде нивното ново заштитно лице.

“Можност да бидете платени, да живеете и патувате ширум Мексико е прилика која се пружа еднаш во животот”, истакнува Мајерсон.

За да се пријавите на оваа позиција, нема да биде доволно да испратите само ЦВ, туку од кандидатите се бара да испратат едноминутно видео во кое ќе објаснат зошто се идеални за работата. Конкурсот е отворен до 17 декември.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.