Путин истакнал дека разбира дека не луѓето на целата држава во такви ситуации им е потребна морална поддршка, и дека Русија сакала да ја пружи таа поддршка на претседателот Буш.
Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека после терористичкиот напад во Америка на 11-ти септември 2001 година, ги прекинал планираните воени вежби за да им пружи поддршка на Американците и тогашниот претседател Џорџ Буш.
-“Јас ги откажав тие воени вежби и сакав да претседателот на САД тоа да го знае”, рекол Путин во интервју за американскиот режисер Оливер Стоун, пишува Спутник.
Путин сакал да им даде поддршка на Американците и претседателот Буш, за кого како што вели рускиот претседател верувал дека е човек “со кој може да се соработува”.
На прашањето од Стоун како Руската Федерација не открила каде е Бин Ладен и што навистина се случило со него, со оглед дека Русија има долга историја во разознавањето, Путин рекол дека Ал Каеда не е резултат на руски активности.
-“Таа е резултат на активностите на нашите американски пријатели. Сето тоа започна после Советската војна во Авганистан, кога американските разознавачи обезбедија поддршка во различни ситуации за исламистичкиот фундаментализам, помагајќи им да се борат против советските трупи во Авганистан”, дополнил Путин.
Рускиот претседател повторил дека Американците ја создадоа Ал Каеда и Бин Ладен и дека после тоа сето излегло од контрола.
А/Г/