После пеколните температури времето ни носи нови изненадувања

sdasdas

Времето денеска е сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност, локално  во планинските делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, што ќе услови благо намалување на температурата во северните делови. УВ индексот ќе биде 9.  Утринската темепратура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 34 до 41 степен.

До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на претежно стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе овозможи продолжување на периодот на претежно сончево и многу топло време. Од утре  во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надминува 40 степени.  Промена на временската состојба се очекува од петок со благо опаѓање на температурата, кое ќе продолжи и во сабота и недала.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.