Последна вест: ”Директорката поднесла оставка, хаос во градинките?!”

Во текот на вчерашниот ден, според информации на вработените во прилепските градинки “Наша иднина” в.д. директорката Благица Филипоска поднесла оставка?

Истата важеше за партиски кадар на СДСМ кој според вработените, коректно си ги извршувала работните задачи.

Претпоставките се дека недоразбирањата произлегле од предизвикот пред кој била поставена и потребата 20 претходно вработени да бидат оставени без егзистенција, за на нивно место да влезат партиски локални кадри?

Овие предизвици биле во спротивност со тврдењата на министерката и градоначалникот дека никој нема да го изгуби своето работно место во Прилеп..?

Неофицијално во текот на вчерашниот ден на конкурсот се пријавиле повеќе од 40 кандидати, некои според вработените и со “сомнителни” лиценци, имајќи го во предвид фактот дека последното полагање било на 25.12.2017 (погледнете ТУКА), а следното е денес?

Во прилог ги имате сите оние кои се пријавени да полагаат лиценца од цела Македонија – Погледнете на следниот ЛИНК

За нов в.д. директор е назначен Орце Тодоровски. Да потсетиме дека со доаѓањето на “новиот живот” во Прилеп без егзистенција останаа повеќе од 300 фамилии, чии членови претходно остваруваа приход од буџетски средства..?!

Инаку деновиве во Прилеп експресно беше објавен оглас за вработување на 5 негуватели и 3 воспитувачи на деца.

Огласот кој беше објавен на веб страната на Агенцијата за вработување заврши вчера.

ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.