Поп направи хаос на велигденска литургија: Влета со тротинет во црква, а потоа настана големо воодушевување (ВИДЕО)

За попот не претставуваше никаков проблем ни високата скала, која со тротинет лесно ја совлада и продолжи понатаму да вози низ храмот пред верниците.

Најголемиот христијански празник Велигден, Грците го прославуваат на несекојдневни начини, а како тоа изгледа, со видео на Фејсбук покажа Стаматис Краоунакис.

На воодушевување на присутните верници, попот со долга бела мантија и на тротинет влета во црквата и почна да прави кругови, додека околу него трчаа останатите свештени лица.

За попот не претставуваше никаков проблем ни високата скала, која со тротинет лесно ја совлада и продолжи понатаму да вози низ храмот пред верниците.

Слично нешто, исто за Велигден, на верниците минатата година им приреди свештеникот Христофорос во една црква на грчкиот остров Хиос, а поради настапот веднаш го нарекоа „летачки поп“.

 

Додека лустерите се нишаа, верниците тропаа по столиците, а попот со „пантерски скок“ се појави пред олтарот, а потоа им делеше ловорови листови на присутните верници.

Вака во црквата на грчкиот остров Хиос се прославува Велигден, каде попот на несекојдневен начин го објави Христовото воскресение.

Овој свештеник секој Велигден е вистински хит во Грција, а којзнае можеби и оваа година направил нешто за да ги воодушеви верниците.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.