Покана за одбележување на 16-годишнината од трагичната смрт на десеттемина прилепчани на “Карпалак”

3520-memorijalen-kompleks-karpalak-960x600-6

Здружението на учесници на “Карпалак” и Општина Прилеп ве покануваат на одбележување на 16-годишнината од трагичната смрт на десеттемина наши сограѓани  – резервисти на 08.08.2001 година на Карпалак.

Oдбечежувањето ќе започне на 07.08 (понеделник) со положување цвеќе во касарната “Mирче Ацев” во Прилеп во 18:00 часот и посета на спомен собата.

Во 19:00 часот посета на манастирот Св. Петка во с. Лениште и положување цвеќе на споменикот, како и вечерна Богослужба.

На 08.08 (вторник) во 6:00 часот, тргнување за Карпалак од пред влезот на старата општинска зграда.

Во 07:30 положување цвеќе на гробовите на погинатите борци

Во 10:00 часот Панихда во црквата Св. Петка во населбата Точила

Во 12:30 часот одбележување на настанот пред спомен комплексот “Kaрпалак” во центарот на Прилеп.

ВО ЧЕСТ И СЕЌАВАЊЕ НА:

Сашо Китаноски

Нане Наумоски

Бранко Секулоски

Марко Деспотоски

Ердован Шабаноски

Љубе Грујоски

Дарко Вељаноски

Веби Рушидоски

Горан Миноски

Пеце Секулоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.