Победа ја привршува првата фаза од подготовките

19875430_1249571425153916_4235332060649120968_nПо вчерашниот прв пријателски – контролен натпревар во кој во Охрид беше совладана Ренова со 3-1, фудбалерите на Победа денес одработија два тренинзи.

Претпладневниот во теретана, а попладневниот на теренот на Могила на техничко-тактички план.

Според планот на Стручниот штаб екипата утре ќе има еден тренинг и тоа петпладне, по што играчите ќе добијат слободен ден во среда.

Во четврток експедицијата на Победа од 23 играчи заминува на 11-дневни подготовки во Банско(Бугарија), каде ќе работи на техничко-тактички план, а договорено е одигрување на 4 пријателски натпревари.

19959235_1249571338487258_4793845110798851414_n

19884115_1249571341820591_3095094514515771149_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.