ПО ШЕСТ МЕСЕЦИ ШИЛЕГОВ: Руинирано централното градско подрачје! (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Градоначалникот Петре Шилегов вети ,,живот’’ за Скопје, но во изминативе 6 месеци тој дојде само за него. Единствената инвестиција на Шилегов во изминативе 6 месеци се двата луксузни автомобили со кои тој го зголеми својот возен парк. Граѓаните забележуваат дека голем дел од централното градско подрачје под ингеренции на Град Скопје е руинирано, а надлежните служби на ниту еден начин не реагираат – објави порталот “Инфомакс”.

На фотографии објавени на социјалните мрежи можат да се видат низа на фотографии од руинирана урбаната опрема како канделабри, жардињери, канти за ѓубри и останата опрема. Ниту хортикултурното уредување не е во подобра ситуација, дивите растенија се зафатени на местата наменети за украсни растенија и нивниот раст е надвор од контрола. На својот Фесјбук профил граѓанинот кој се пожали од новиот градоначалник вели ,, Скопје “цвета” со Шилегов на чело.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.