Од вечерва на полноќ големо поскапување на дизелот

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,83, односно за 2,8 отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат 63,5 и 65 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 51,5 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,5 денари за литар и ќе чини 40 денари.

Со одлуката на РКЕ за 1,329 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на  мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,866 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,19 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,0001 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.