Ова се ШАРЕНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ во Владата за кои реагираше и Брисел?!

Владата на СДСМ од првиот ден кога стапи на должност постојано го зголемува бројот на нововработени во секторот за односи со јавност и комуникации. Од јуни до сега таму свое вработување обезбедија голем број твитерџии, фејсбукџии, припадници на така наречената “шарена револуција”, екс претставници на невладиниот сектор.

Вчера Макфакс ја отвори пандорината кутија за тоа колку луѓе се вработени во овој сектор во Владата. Во  објавата на порталот се вели дека само во владината зграда најмалку 40 лица работат на односи со јавност и комуникации во Владата. 13 лица се таму од претходната гарнитура, додека годинава во Владата во Секторот за односи со јавност дополнително биле ангажирани 25 лица, како и 1 портпарол, и 1 посебен советник за односи со јавност во кабинетот на Претседателот на Влада.

Макфакс претходно објави дека во Владата и министерствата вкупно во моментот најмалку 120 луѓе работат односи со јавност (ПР) и комуникации.

Платите и хонорарите на вработените што работат односи со јавност во Владата и министерствата, според “Макфакс”, ги чинат граѓаните најмалку 690 илјади евра годишно, покажуваат податоците за 2016.

“Макфакс” вчера и денеска ги објави биографиите на новите вработени кои работат на пропаганда во владата на Зоран Заев.

Целото истражување, погледнте го на следниот ЛИНК

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.