Ново невреме доаѓа кон Македонија

nevreme1thb54ey54y54y5uyk67i67i67tt

Времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена локална облачност, попладне во планинските подрачја со ретка појава на дожд и грмежи. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 32 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 38 степени.

До вторник дневната температура ќе биде во секојдневен пораст. Почнувајќи од утре во голем дел од земјава температурата ќе надминува 35° С, а на југоистокот ќе достигнува и 40° С.УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9.

За време на викендот и во понеделник не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, пред се во планинските подрачја на запад и кон југоистокот. Промена и се посвежо време се очекува од вторник кон крајот на денот, но и вторник ќе биде многу топол.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.