Наместо ново знаме, празен јарбол во центарот на Прилеп

По објавата на Маркукуле дека државното знаме во центарот на Прилеп три дена се вее на пола копје, денеска со соопштение излегоа од општина Прилеп.

Според соопштението општината на новиот градоначалник Јованоски го симна оштетеното знаме, но ќе чека надлежната државна институција за одржување на јарболите со државни знамиња, да се погрижи за неговата замена.

Веројатно, доколку општината самата го промени ќе се предизвика судир на надлежности од невидени размери. Па, поради тоа наместо ново знаме, јарболот стои празен.

Инаку, службата за општи и заеднички работи на Владата на 5-ти овој месец до Бирото за јавни набавки објави оглас за доделување јавна набавка, за сервисирање и одржување на металните јарболи на кои е поставено државното знаме во државата за сума од 25 илјади евра годишно.

Еве како изгледаше 3 дена државното сонце во центарот на Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.