Во рамките на вонредното 30-то коло од македонската Прва фудбалска лига, Победа загуби кај Шкупи со 3:1 и само по 3 дена откако се оддалечи на 4 бода од претпоследниот Пелистер на табелата, повторно е во незавидна положба.
На стадионот во Чаир првото полувреме помина без голови, а во второто само една екипа играше на теренот.
Шкупи со головите на Јашароски во 63-та, Емре Чан Атила во 76-та и Илијоски во 84-та минута водеше со 3:0, а за Победа намали Најдовски во 87-та минута од натпреварот.
На 6 кола до крајот прилепчани се наоѓаат на 8-та позиција на прволигашката табела и имаат натпревар и бод повеќе од Пелистер на 9-та, а 4 бода повеќе од последниот Скопје.
Победа веќе во наредното коло има нов тежок предизвик. Како домаќин црвено-белите ќе играат против Шкендија.