НАПРАВИЛА СЕЛФИ НА ФЕСТИВАЛ И САМО ШТО ЈА ПОГЛЕДНАЛА ФОТОГРАФИЈАТА СФАТИЛА КАКВА ОПАСНОСТ ИЗБЕГНАЛА (ФОТО – ВИДЕО)

Селфи фотографиите на оваа девојка станаа вирални.

Преубавата Кристал Сантос од Бразил, која живее во Мајами објавила селфи фотографија на Инстаграм, која вознемири многу луѓе, затоа што на неа се гледа дека некој непознат маж и става нешто во пијалокот.

 

Убавата девојка во едната рака го држи својот телефот а во другата рака чаша со пијалок. Во еден момент на невнимание, за да направи фотографија таа ја одалечила чашата од себе, а тоа го искористил непознат млад човек кој и ставил нешто во пијалокот.

Има коментари од типот дека се е наместено и лажирано, но неоспорно е дека фотографијата испраќа јасна порака дека секогаш некој може да го искористи вашето невнимание.

Девојката набрзо објави на инстаграм дека таа е сосема добро и дека за среќа не и се случило ништо лошо.

-Ќе им објаснам на сите кои се загрижени…Не пиев од таа чаша бидејќи беше крај на журката и чашата беше празна, за среќа и не ме снајде нешто лошо-напиша таа на инстаграм.

-Мило ми е што фотографијата стана вирална, како позитивна порака да сите внимаваат на своите чаши. Сигурно и вашите мајки, како и мојата ви имаат велено да внимавате на своите чаши, кога одите на забави, јас секогаш сум мислела дека мајка ми претерува, но ова е доказ дека таквите загрижувачки реакции на мајките не се претерување, бидејќи и јас сум мислела дека тоа нема никогаш да ми се случи мене, но вистината е дека тоа може да му се случи на секој секаде-напиша Кристал.

Извор: “News24.net.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.