Мајмунска работа: Бабун им ја исклучи струјата на над 50 илјади луѓе

Еден бабун толку се заинтересирал за каблите во електрана на југот на Замбија што без струја остави 50 илјади луѓе, пренесува Би-Би-Си.

 

babun

Тој вчера предизвикал недостаток на електрична нергија кога се искачил на електраната и почнал да ги влече каблите. Бабунот го преживеал силниот струјен удар кој човекот не би можел да го преживее, изјави портпаролот на електраната. Тој додаде и дека во тој случај, доколку човек го направил истото и преживеал, би одговарал на суд.

Според него, организацијата за заштита на животните го спасила мајмунот кој моментно се опоравува од сериозните повреди.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.