МАКЕДОНИЈА! МАКЕДОНИЈА! ПОБЕДА ГОЛЕМА КАКО ПЛАНИНА ПРОТИВ СЛОВЕНИЈА!

Maкедонија со голема победа 25:24 против Словенија (11:11 на полувремето) го стартуваше Европското првенство во Хрватска.

Цврстата и упорна игра во второто полувреме се чини ја донесе победата која е голема како планина.

Словенците се обидоа со жесток пресинг во текот на целиот натпревар, што им донесе исклучувања речиси во секој втор напад на нашите репрезентативци.

Во нашиот тим капитенот Лазаров го заврши натпреварот со 7 погодоци, Манасков беше одличен со 8, по два постигнаа Миркуловски и Филип Лазаров, како и Гоце Георгиевски.

Кај Словенците најефикасен Млакар со 4, Цингесар, Јанц и Зарабец со 3, а Маргуч постигна 2 погодоци.

Македонија натпреварите ги продолжува во понеделник кога ќе се бори за втор триумф против Црна Гора.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.