Куче скитник пронашло новороденче во ѓубрето и го однело до првото место за помош

Kуче скитник стана светски херој, ѕвезда за која пишуваат сите медиуми во светот. А причината за тоа е огромна.

Приказната не води далеку во Саудиска Арабија, приказна која по којзнае кој пат ни докажува дека кучињата се најдобар пријател на луѓето, без разлика дали живеат во дом или се напуштени – нивните срца знаат да бидат огромни.

Додека кучето трагало по храна наоколу, нашло новороденче! Бебето било штотуку родено, а папочната врвка сеуште му висела.

Кучето го зело бебето во устата и го однело неколку стотини метри пред прагот на првата куќа, а потоа започнало да лае.

Луѓето кои живееле во таа куќа го слушнале кучето како очајнички гребе и лае, тражејќи помош. Ја отвориле вратата и се запрепастиле од погледот.

Семејството го однело новороденчето во болница, а чудо е како детето успеало да преживее.

Спасено е само благодарение на ова чудо од куче, објавил саудискиот дневен весник “Сада”.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.