Какви се навистина британските кралски снашки: Сега се закопчани до грло, а порано биле диви девојки (ФОТО+ВИДЕО)

Членовите на британското кралско семејство мораат да водат грижа за своето однесување во јавноста. Тие ја претставуваат својата земја и целата британска нација. Тоа го знаат децата кои уште како мали биле одгледувани во ова семејство. Но дали така се воспитани и сегашните снашки во кралското семејство – Кејт Мидлтон и Меган Меркл?

Кога сега ќе ги погледнете ќе помислите дека целиот живот живееле на таков начин, но многумина сигурно ги забораваат нивните модни киксови во минатото и “непромислени” постапки во јавност.

КЕЈТ МИДЛТОН

Кејт стана најстарата невеста во историјата на кралското семејство, кога на 29 години се омажи за принцот Вилијам. После венчавката во мај, таа титула ќе ја носи Меган Меркл.

Војвотката од Кембриџ е кралска снаа со факултетска диплома и една од ретките кои не се со кралско потекло.

Нејзината врска со Вилијам од почетокот беше интересна за новинарите, а Кејт не се снаоѓала најдобро со големиот притисок во јавноста.

Пред 10 години била дебелка, а нејзиниот вкус за мода бил далеку од кралскиот.

Како тинејџерка често позирала без добра фризура, шминка и насмевка, кои денес се нејзини заштитни знаци.

Откако влезе во кралското семејство таа ја промени својата линија, но и начинот на позирање на фотографиите.

Откако во 2007 година на кратко раскина со принцот Вилијам, Кејт според неофицијални информации во тој период често излегувала. На интернет можат да се пронајдат бројни нејзини фотографии од ноќните забаваи кои ги посетувала.

Денеска Кејт со принцот Вилијам има две деца, убав брак и кралска титула, но малку е познато дека таа во својата младот имала две љубови.

Нејзината голема средношколска љубов бил Вилем Маркс, денеска новинар, додека за време на студиите излегувала со Руперт Финч, студент по право, но тоа не траело долго.

Меган Меркл

Taa во мај ќе се мажи за принцот Хари. Oд кога се дозна за нивната врска во медиумите, непрестанато се пишуваше за тоа, а новинарите се трудеа да откријат повеќе детали од нејзиниот живот.

Тоа што е посебно интересно за неа е тоа што таа е глумица и поради работата морала да снима и секси сцени.

Во една таква ситуација до сега не се нашла ниту една од девојките кои влегле во кралското семејство.

Прекрасната бринета зад себе има неколку забележителни улоги во сериите “Castle”, “Тhe League”, “Fringe”, како и во филмовите “Horrible Bosses” и “Remember Me”. Сепак, најпозната е по серијата “Suits”, за која сними и неколку провокативни сцени.

Британските таблоиди откако дознаа дека принцот Хари и Меган се во врска, почнаа да ги објавуваат сцените од споменатата серија и ги истакнуваа најконтроверзните детали од животот на Американката.

Другата работа која за неа е особено интересна е тоа што таа има еден брак зад себе, со филмскиот продуцент Тревор Енгелсон (41). Со него се венчале во 2011 година на Јамајка, но се разведиле две години подоцна поради “непремостливи разлики”.

Се запознале во 2004 година и се забавувале 6 години, пред да стапат во брак. Венчањето траело 4 дена. Еден од инсајдерите рекол дека нејзината улога во серијата “Suits” е причина за разводот.

Кога започнала да излегува со принцот Хари, големо внимание привлекло и тоа што нејзината мајка е Афроамериканка и тоа што нејзините родители се разведиле кога таа имала 6 години.

Taa после разводот на нејзините родители останала да живее со својата мајка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.