КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ ОД РЕГИОНОТ: Каква е платата на Иванов во споредба со неговите колеги?

Најголеми примања во однос на просечната плата примаат членовите на Претседателството на БиХ.

Според последните официјални објавени податоци, најголема месечна плата во регионот има претседателот на Словенија Борут Пахор. Како што се наведува во неговиот имот доставен до Изборната комисија, неговите месечни примања изнесуваат 3322 евра, пренесува порталот инфомакс.мк.

Повеќе од 3000 евра изнесуваат месечната плата на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и членовите на Претседателството на БиХ.

Централната изборна комисија на БиХ наведува дека членовите на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, Драган Човиќ и Младен Иваниќ примаат 2 862, 2874 односно 3 536 евра месечно.

Според јавните податоци, претседателот на Србија има три пати помала плата од хрватските и БиХ соседи. Александар Вучиќ месечно прима 1 083 евра, што е најмала претседтелска плата во регионот.

Претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ месечно заработува нето 2 423 евра.

Помалку од 2000 евра месечно заработува нашиот претседател Ѓорѓе Иванов (1250евра) и на Албанија Илир Мета (1425 евра) .

Ако ги споредиме претседателските примања со просечната плата, апсолутни рекордери се членовите на Претседателството на Босна И Херцеговина, кои примаат седум пати повеќе од просекот во таа држава.

Претседателите на Хрватска, Македонија и Словенија примаат три пати поголема плата од просекот во својата земја, додека претседателот на Србија прима два пати повеќе отколку што изнесува просечната плата во Србија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.