Исчезна 12-годишно девојче од Прилеп

Во денешниот полициски билтен се информира дека изминативе два дена се исчезнати две малолетни девојчиња и еден 47-годишен маж

Полицијата трага по малолетничка од Велес, мало девојче од Прилеп и еден маж.

Како што информираат од МВР, на 05.11.2017 година во 01:40 часот во полициска станица Велес, Р.Д.(38) од Велес пријавил дека на 04.11.2017 година околу 23:00 часот од семејната куќа се оддалечила неговата 14 годишна ќерка.

Истиот ден во 20:40 часот во полициска станица Прилеп, Ш.Џ.(27) од Прилеп, пријавила дека околу 15:30 часот од дома  во непознат правец се оддалечила нејзината 12 годишна ќерка.

На 06.11.2017 година во 02:15 часот С.И.(42) пријави дека на 05.11.2017 година околу 11:00 часот од нивниот семеен дом во непознат правец се одалечил неговиот брат Н.С.(47).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сите три лица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.