(ВИДЕО) Американски маринци снимиле НЛО во пустина како стои мирно на небото

Видео кое прикажува НЛО, снимено за време на воена вежба во пустина во Аризона, собра повеќе од 430.000 прегледи за неколку дена на Јутјуб.

На видеото кое е објавено на Јутјуб каналот “Секција 51 2” се гледа група маринци кои набљудуваат летечка чинија во далечината.

Во негова близина потоа се гледа како поминува воен хеликоптер, а после тоа  летечката чинија започнува да собира песок од земјата.

Некои од луѓето кои го погледнале видеото сметаат дека тоа е вистинско, додека некои велат дека се работи за компјутерски генерирано лажно видео.

 

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.