ИРОНИЈА:”Ја уништија, ја запоседнаа, а од ветувањата за граѓаните НИШТО?!”

Денеска премиерот Зоран Заев во друштво на министерот за Земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски е во посета на општина Прилеп, градот за кој ветуваа “брда и долини” и градот кој до сега најмалку 100 пати го излагаа.

Со насмеани лица Заев и Николовски одржаа средба со новиот градоначалник од СДСМ Илија Јованоски, претседателот на совет Миле Талески, пратеникот Хари Локвенец и претседателот на ОО СДСМ Прилеп Сашо Велески.

Седеа во фотељите во општината која целосно ја уништија активистите на така наречената “шарена револуција”, која и ден денес ги носи грозните траги, иако важеше за еден од најубавите објекти во градот.

Иако прилепчани очекуваа низа одговори од оваа посета, по се изгледа ќе останат сиромашни за повеќе објаснувања.

Граѓаните сигурно ги интересира и тоа зошто ќе плаќаат повисоки сметки за вода од Нова година, одлука која со сигурност ќе удри по нивниот џеб.

Градоначалникот во предизборието вети и нов театар, покриен базен, објекти кои нема да може да ги обезбеди од буџетот на општината, па денеска беа должни заедно со премиерот да објаснат како, кога и на каков начин ќе започне реализацијата на овие проекти?

Каде се ветените проекти за спортски фонд, пензиско и здравствено осигурување на спортистите и спортските работници, кои сегашниот премиер ги вети пред парламентарните избори во 2016 година?

Кога сме кај спортот, Заев прво треба да го праша Јованоски, а потоа да објасни и зошто најголемите спортски клубови во градот РК Прилеп и ФК Победа, тонат и се соочуваат со уништување и тешки проблеми.

Објаснување нема ниту за големиот број испуштени од работа во јавните претпријатија и училиштата, како и за тоа дека овие места се пополнуваат со партиски кадри, и покрај тоа што се ветуваше дека ниту едно лице нема да остане без работа и нема да се врши партизација.

Треба ли Заев да ги посети барем со напатените работници во “Еурокомпозит” и да разговара очи во очи со нив, па одблиску да се соочи како е без денар во џебот да се дочекуваат празници?

Прилепчани треба да знаат и за причината за мегаломанските задолжувања на државата, за ниската откупна цена на пиперките, за стопираниот гасовод …..

За крај потсетуваме како се уништуваше, некогаш најубавиот и најрепрезентативен објект во Прилеп.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.