“Денот на бакалите за првпат без градоначалникот ?! Дали му беа потребни само за избори?!

Вчерашниот голем христијански празник Св. Три светители кој во Прилеп влечи долга традиција и е познат како патрон на бакалскиот еснаф, одново со света литургија и низа почести се одржа во градот под Марковите Кули.

Во црквата Св. Благовештение (Стара црква) се одржа света литургија со која чиноначалствуваше Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и уште четворица владици.

Со години наназат овој празник беше одбележуван заедно со локалната самоуправа, а бакалите го канеа градоначалникот, кој секогаш учествуваше во прославата и на литургијата.

Но, оваа година прилепските бакали не беа удостоени со присуството на новиот градоналаник Илија Јованоски, кој не најде малку време да се појави и да застане рамо до рамо со свите сограѓани и барем малку да им возврати за поддршката која можеби ја добил на изборите од дел од нив.

Ова не е прв ваков пример градоначалникот Јованоски да не ги испочитува традиционалните манифестации во градот. Првиот таков чекор го направи за Бадник кога не ги прими коледарчињата во општинската зграда. Слично постапи за верскиот празник Водици, кога се појави на кратко, но не најде време да ги додели благодарниците на учесниците.

Градоначалникот се вадеше со споменување на секуларност, но ваквите обичаи, традиции и верски празници се нешто што е со генерации поврзано за Прилеп и истите се од огромно значење за прилепчани.

Инаку празникот Св. Три светители во Прилеп се празнува уште од 1954 година, од кога постои и Здружението на бакали, кое претставува еден од најголемите еснафи во нашиот град.

После вчерашната света литургија, моќна порака за сенародно обединување на Македонците упати владиката Агатангел.

Во продолжение потсетуваме на неговите зборови, кои допреа до секој патриот и вљубеник во државата.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.