“Дали Баба Рада е идниот министер за здравство во Владата?!”

Веќе два месеци Македонија нема министер за здравство. Премиерот Зоран Заев си тера политика и прави политички договори штетни за нашата земја, пациентите трпат, а смртните случаи се почести.

Ветувањата на Зоран Заев за подобро здравство се покажува дека биле чиста лага во обид да се дојде до гласови плус на изборите. За оваа Влада очигледно не е важно здравјето на граѓаните откако тие ќе им го дадат гласот.

Јавноста не е запознаена со тоа кои имиња се во прашање за функцијата нов министер за здравство, кој ќе го замени испразнетото место кое го држеше Арбен Таравари од Алијансата на Албанците.

Се чини дека Таравари кој застана на функцијата градоначалник на општина Гостивар се куртули од министерската функација, која додека ја обавуваше беше прогласен за “министер за смрт” од корисниците на социјалните мрежи.

Наместо веднаш по локалните избори да се назначи нов министер, со оглед дека оваа област е од исклучителна важност и е клучна за здравјето на граѓаните, Заев си прави договори и се надмудрува со коалиционите партнери, за тоа кој да го лапне овој сектор во неговата влада.

Заев најавуваше дури и реконструкција на владата.

Се сеќаваме на немилите настани од пред 2 месеци кога секој ден одекнуваше по некоја вест за починати бебиња на клиниките низ државата, а владата на Заев не поднесе никаква одговорност.

Најсвежа беше веста за четирите предвремено родени бебиња кои починаа на Клиниката за гинекологија во Скопје.

Додека Заев размислува со кој албански коалиционен партнер да преговара за оваа функција, треба да знае дека најголемата одговорност е кај него. Министерството за здравство во моментов има заменик на министерот кој речиси и да не постои, па затоа и тој е втор на листата кој треба да понесе сериозна одговорност за состојбата на најважниот сектор во земјава.

Да се потсетиме дека СДСM и Заев  ги излагаа докторите дека ќе добијат плата од 100.000 денари.

Имено наместо ветената плата од 100.000 денари, докторите специјалисти од клиниките раководени од СДС ќе добијат само минимално покачување на платата од само 5 %, што не е ниту приближно до тоа што го ветуваа во предизборната програма. Тие во својата програма ветуваа покачување на платите за 15 % во првите 6 месеци, а после 6 месеци немаат покачено ниту 1 % плата на докторите.

Ваквата состојба во секторот здравство треба итно да се промени, а властодршците да поднесат одговорност за ваквата негрижа за здравјето на граѓаните.

 

Со насловот на оваа објава немаме за цел да го навредиме знаењето на познатата Баба Рада, напротив сакаме да укажеме дека во една ваква лоша ситуација, дури и само билки добро би ни дошле.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.