ДРЖАВАТА ПРЕД ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА, ДИРЕКТОРОТ ВО СОЛУН: Ве РЕК Битола се случува хаварија, директорот во Солун на викенд

Додека РЕК Bитола не работи поради технички проблеми, директорот на компанијата Васко Ковачевски на викенд во Солун заедно со неговата сопруга. Покажуваат фотографиите кои тие ги објавија на социјалните мрежи, пишува порталот инфомакс.

Утринава, опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше на работата на РЕК, тие соопштија дека компанијата е надвор од функција.

„Недозволиво е најголемиот производител на електрична енергија во државата да е вон употреба половина ден.
Повеќе од половина ден РЕК Битола воопшто не била функционална. Единствениот активен, од трите блока во РЕК Битола вчера испаднал од мрежа. Незнаењето на картелот на власт во текот на вчерашниот ден предизвика и прекин во дотурот со јаглен за термоцентралата. Имено поради пожар на една од постројките во рудникот на РЕК Битола снабдувањето со јаглен било запрено. Додека државата економски пропаѓа, криминалниот картел во врвот на власта ги дефокусира граѓаните.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.