ДРЕВНА ТАЈНА: Јапонските будистички монаси самите себе се претворале во мумии (ФОТО)

Јапонија по многу нешта е специфична земја. Малкумина знаат за древната тајна на будистичките монаси во оваа земја.

Од XI век од нашата ера па се до XIX век Шингон монасите во Јамагати во Јапонија, биле толку дисциплинирани па практикувале техника сокушибутсу преку која имале за цел да се самомумифицираат. За сега се знае дека за време на тој макотрпен процес само 24 од нив успеале да издржат и да умрат на начин на кој нивното тело останало мумифицирано.

Кикаи, монах кој е основач на овој монашки ред ја донел оваа техника од Кина.

 

Монасите верувале дека на овој начин на самодеструкција ќе можат да станат слични на Буда и поблиски до него.

Процесот на изгладнување кој водел кон смрт, а со самото тоа и мумифицирање се одвивал во недостапни предели во планинските венци на Јапонија.

Во тие предели јаделе иглици, корења, кора од дрва, ситни плодови и семки кои ги исфрлале мастите и отровите од телото. Земале многу малку вода, колку да преживеат. После овој период пиеле чај од кинеско дрво, од кое започнувале да повраќаат и да губат течности.

Кога ќе оценеле дека им се ближи судниот ден, монасите се пикале во кутии од борово дрво и започнувале со медитација. Кутијата останатите монаси ја спуштале во земја и ја прекривале со масло, оставајќи притоа отвор од кој може да се дише. Исто така им било оставано и ѕвонче преку кое давале сигнали дека сеуште се живи.

Овој ритуал во Јапонија е забранет со закон од 1877 година, но еден монах успеал да се мумифицира и во 1903 година.

 

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.