Груевски: Во Прилеп се отворени 10.000 нови работни места, ризик е што новата влада странските инвеститори ги гледа како натрапници

FB_IMG_1504020672991

Во Прилеп се отворени над 10.000 нови работни места, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денес се наоѓа во посета на оваа општина.

Отворањето на зоната 1 ќе овозможи вкупно 1500 работни места откако целата ќе биде изградена. Сега во моментов има околу 400 нови работни места. Паралелно во Прилеп функционира и се гради и Технолошко-индустриската развојна зона во која инвестираше претходната Влада, во која веќе постојат две фабрики, „Гентерм“ и „Агропласт“, а во градба е и фабриката „Вик“ за која голема заслуга имаше Бил Павлески. Овие фабрики ќе вработат околу 3250 луѓе. Без нивните планирани проширувања кои се за во иднина. Очигледно е дека градоначалникот и општината имаат многу вложено во отворање на нови работни места. Во овие зони вложено е во изградба на улици, канализациони мрежи, водоводни мрежи и сето она што е потребно за нормално да функционира таа зона и мене ми беше задоволство да присуствувам во една таква зона.  Прилеп може да се пофали дека е еден од најнапредните во изградбата на сопствени, локални индустриски зони со кои се отвораат нови работни места, истакна Груевски.

Груевски во Прилеп се сретна и со еден од сопствениците на фабрика во оваа зона кој му рекол дека е задоволен, дека кај него расте бројот на вработени и дека произеденото тука го извезува во Европа. Прилепчани треба да знаат, рече Груевски, дека освен што се отворени нови работни места, тоа ќе се случува и во иднина.

Единствено што тука загрижува и е ризик е новата политика на Владата која на странските инвеститори гледа како натрапници, гледа како на некои кои многу земале или сакаат да бидат нееднакви во однос на домашните. Домашните се многу важни, ние секогаш сме ги поддржувале, но мора да се привлекуваат и странски. Затоа што странските не само што отвораат нови работни места туку им помагаат и им даваат работа на домашните. Сегашниот однос на Владата е голем ризик во однос на доаѓање на идни инвестиции. Но, со ова што е досега изградено и во локалните индустриски зони од страна на градоначалникот и општината и од страна на Владата, создаден е предуслов за да доаѓаат нови компании и домашни и странски и да се отвораат нови работни места, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.