ГОРИ НЕБОТО НАД ДАМАСК: Сириските сили ги одбија првите три бранови напади

Oткако сојузниците САД, Франција и Велика Британија доцна вечерва им наредија на своите вооружени сили да започнат со воздушни напади во околината на Дамаск, не престануваат да излегуваат нови видеа и информации по социјалните мрежи.

Сојузниците граѓаат цели за кои тврдат дека се капацитети со хемиско оружје.

Најдетални информации за нападите кои се одвиваат во бранови, има на Фејсбук страната “Syrian Arab Army” (Сириска Арабска Армија), каде од минута во минута се известува за ракетните напади врз Дамаск.

Според информациите, сириските сили досега ги одбиле сите напади и само две ракети ја пронашле својата цел. Останатите се уништени после нивното истрелување.

Жителите на Дамаск се качени на крововите од своите домови и го гледаат соочувањето на сојузничките ракетни истрели и анти ракетното оружје на сириската армија.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.